Британските регулаторни власти соопштија дека Банка на Англија одбила да предаде околу 550 милиони долари во злато, кои си ги бара Венецуела. Бнката се одлучила на тој чекор поради растечката несигурност во врска со тоа пто Каракас планира да стори со златните прачки.

Британските власти инсистираат да се преземат мерки со цел спречување на перење пари, поради што инсистираат Венецуела да достави добро објаснување за своите намери.

„Постои загриженост дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро може да го искористи златото, кое е во сопственост на државата, и да го продаде за лична корист“, наведуваат дел од англиските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор.

Неодамна Венецуела побара од Британија пристап до своето своето злато, но наводно испораката била запрена поради тешкотии околу безбедноста на превозот на толкав товар во злато.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 19:54