Џо Џонсон, брат на поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, денеска поднесе оставка на местото министер за сообраќај.
Тој ги критикуваше преговорите кои ги води премиерката Тереза Меј за Брегзит, нарелувајќи ги „разочарувачки“.
– Британија се наоѓа на работ на најголемата криза од Втората светска војна, изјави Џонсон, кој на референдумот во 2016 година гласаше за останување на Британија во ЕУ.
Џонсон рече дека би било демократски премиерката да изнесе пред јавноста „завршен збор“, со оглед на тоа дека реалноста на Брегзит е многу далеку од она што беше ветено.