Сè повеќе антисемтиски напади во Франција. Нивниот број се зголеми за повеќе од 69 отсто во 2018, напиша денеска на Фејсбук францускиот премиер Едуар Филип.
– Пред 80 години, во ноќта на 9 ноември 1938 година нацистите системски спроведуваа терор над Евреите. Уништуваа домови на Евреи, синагоги и продавници кои без на Евреи, напиша премиерот.
„Историчарите таа ноќ ја нарекоа Кристална ноќ поради звукот на искршени прозорци. Но зошто денеска се потсетуваме на толку болни спомени? затоашто антисемитизмот, непријателскиот став кон Евреите сè уште постои во Франција. Иако бројот на антисемитски напади беше во опаѓање претходните две години, нивниот број се зголеми за повеќе од 69 отсто во текот на првите девет месеци од 2018 година“, напиша Филип на Фејсбук.
Си-Ен-Ен наведува дека во антисемитски напади во Франција од 2006 година се убиени 11 лица. Во 2012 година се убиени четири лица, меѓу кои три деца при напад на еврејско училиште во Тулуз. Во 2015 година убиец во Париз уби четири лица во продавница за Евреи каде се продава кошер храна.
Годинава стотици лица протестираа откако 85-годишната Французинка Мирел Кнол беше убиена во својот стан. Француските власти убиството го третираат како антисемитски напад.
Францускиот премиер најави одлучна борба против растечкиот антисемитизам, расизам и хомофобија и ги повика сите граѓани на Франција да се „обединат за да ги сочуваат идентитетот и вредностите на Француската Република“.