Со денешните едукативно-превентивни активности од областа на сообраќајот на Одделението за превенција при СВР Скопје, пред трговскиот центар Капитол Мол во скопската општина Аеродром, наменети за учениците од VII иVIII одделение, продолжи реализацијата на сообраќајно-воспитна акција “Поддржуваме безбедна иднина”, а во соработка со компанијата Пнеуматик, општината Аеродром и основните училишта ,,Лазо Ангеловски ” и ,,Димитар Македонски ”.

Овој проект се реализира етапно во текот на целата учебна година, со тоа што денес беше реализирано практичното применување на усвоеното знаење на учениците од овие две училишта. Од страна на компанијата Пнеуматик на училиштата им беа донирани вкупно 20 комплетни опреми (заштитни елеци, стоп палки, свирчиња, брендирани капи) кои според потребите, би ги користеле учениците во текот на целата година при реализација на овие проекти кои придонесуваат за нивна квалитетна едукација во областа на сообраќајот.

Инаку, ова е втор дел дел од пошироката сообраќајно-воспитна акција ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот” што под мотото “Поддржуваме безбедна иднина за најмладите“ ја спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачјето на главниот град.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2018 00:25