Епидемијата на вирусот ебола што моментно се шири во ДР Конго, е најголема во историјата на таа држава – 319 потврдени случаи на заболени, соопшти Министерството за здравство.

Од болеста досега животот го загубија 198 луѓе во провинцијата Киву и Итури каде напади и отпор на жители спречиле здравствени лица да помогнат.

Откако е откриен вирусот на ебола во 1976 година досега епидемијата избила повеќе од 10 пати.

– Епидемијата што е во моментот, е најголема во историјата на ДР Конго, изјави Џесика Илунга, портпаролка на Министерството за здравство.

Со повеќе од 300 заболени, таа епидемија се рангира како трета најголема во историјата на континентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2018 13:33