По поразот од Манчестер Јунајтед, Јувентус ќе бара задолжителна победа во дербито со Милан. Тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри ќе се врати во „Сан Сиро“, каде што беше тренер на Милан и го освои првото „скудето“ во кариерата.
– Не очекува тежок меч, каде што треба да покажеме добра физичка состојба и технички вештини. Милан отсекогаш бил и ќе биде Милан. Тимот загуби само еден натпревар во последните шест и од Интер во последната минута. Џенаро Гатузо е меѓу најдобрите млади тренери, изјави Алегри.
Стратегот го прокоментир и првиот пораз на италијанскиот шампион во текот на сезоната пред неколку дена.
– Ние направивме грешка против Манчестер Јунајтед со нашата емоционална поставеност. Сите сме разочарани. Ние не изгубивме од април, и бевме навикнати на оваа мисла, изјави менторот на Јуве.
Во однос на слабата реализација на тимот, тренерот на „старата дама“ вели: „За да победите, мора да постигнувате голови. Во моментов статистиката покажува дека ретко водиме со повеќе од еден гол, што го зголемува ризикот да се случи нешто непријатно во последните минути“.