Ширум Европа уметници и интелектуалци ќе повикаат денеска на основање „Европска република“, што би ги заменила национални држави на континентот.

Сто години од завршувањето на Првата светска војна активистите планираат во 16 часот по средноевропско време да прогласат „Европска република“ во десетици градови.

Иницијативата ја покренаа група што се нарекува Европски Балкон Проект чии приврзаници се политиколози, филозофи и писатели.

„Суверенитетот на државите се заменува со суверенитет на граѓаните“, се вели во манифест објавен на сајтот на таа организација.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2018 15:52