По денешните протести, со реакција за денешната блокада реагираа од компанијата „Еуромакс Ресоурцес”.

„Еуромакс Ресоурцес сака да истакне дека ги поддржува сите невладини здруженија и активности организирани согласно домашната законска регулатива и ја поздравува секоја активност која се залага за заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Но, според нас, тоа не мора да биде на сметка на добросостојбата и просперитетот на локалната заедница.

Еуромакс Ресоурцес не беше контактиран за денешниот настан во Струмица организиран од локални невладини организации и Еуромакс не се залагал за негова промоција или спречување.

Остануваме отворени за комуникација со сите засегнати страни.“ - велат во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2018 16:26