Екипата на Вардар денеска го доживеа и вториот пораз сезонава во Првата македонска фудбалска лига, откако во 14.коло од шампионатот беше минимално поразена од Шкупи на теренот во „Чаир“ со 1:0 (0:0).
Единствениот погодок за домаќините го постигна Да Луиз Серџо, кој со глава успеа да го најде патот до голот на Вардар во 56.минута.
До крајот на мечот и покрај иницијативата, Вардарци не успеаја да стигнат до израмнување, и барем до бод од ова гостување.
По ова коло следи пауза во домашниот шампионат, поради обврски на репрезентативците на Македонија.
Резултати ПМФЛ, 14.коло: Беласица – Македонија Ѓорче Петров 1:4 Работнички – Шкендија 1:2 Ренова – Победа 2:1 Силекс – Академија Пандев 1:0 Шкупи – Вардар 1:0. Табела: 1. Шкендија 31 2. Вардар 28 3. Академија Пандев 22 4. ФК Ренова 19 5. Победа 17…