Една третина од Амерканците, или 31 отсто, се сметаат себеси за „флекситаријанци“ – луѓе кои главно употребуваат растителна диета при што во исхраната се дозволува употреба на месо, пилешко месо и риба.

Меѓутоа, речиси две третини од неселението во САД (59 отсто) најмалку еднаш дневно употребува месо во исхраната. Ова се резултати од најновата анкета спроведена од фирмата „УанПол“ за исхраната на Американците. Анкетирани биле две илјади лица.

Објавено во пресрет на Светскио ден на вегани, истражувањето открива дека Американцие во исхраната не употребуваат месо во просек четири денови во неделата.

Истражувањето уште открива и дека 38 отсто од жителите на САД одговориле дека не се придржуваат на конкретен вид на исхрана туку се хранат сеобразно, додека 13 отсто укажале дека следат строги правила – тие се вегетаријанци, вегани (целосно исклучување на производи од животинско потекло) или палео (месото е во основа на исхраната, а се исклучени млечни проивзоди, житарица и мешунести растенија).

Повеќе од половина од испитаните (52 отсто) укажале дека се склони да употребуваат повеќе растителни производи. Притоа, 42 отсто од испитаните одговориле дека сакаат да ја намалат употребата на месо, 46 отсто на млечните производи, 46 отсто на рибата и 52 отсто на лебот.

Друг интересен резултат – 18 отсто од Американците најмалку еднаш во животот се обиделе да станат вегетаријанци, додека само 5 отсто се обиделе да станат вегани, со тоа што бројот на обиди да станат вегетаријанци или вегани во својот живот во просек бил еднаков на шест.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2018 18:49