Општина Пробиштип до Владата пријави долг од 72.500.000 денари. Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов вели дека ова е состојбата на долгот од септември 2018 година. Инаку минататата година, кога ја презел градоначалничката функција наследил долг од 180 милиони денари, а како локалната власт успеале да вратат 21 милион денари.

-Очекувам дека со ребалансот на буџетот на Владата и со одлуката, која ја има донесено долгот на Пробиштип да се намали речиси за половина. Од 72,5 милиони денари очекуваме да се вратат од 35 до 45 милиони денари – вели Анастасов.

Прашан дали овие средства кои ќе пристигнат на сметката на општината ќе се користат и за други намени, тој категорично истакна дека овие пари се за враќање на наследите долгови.

-Средствата за долговите ќе пристигнат на посебна сметка и овие пари ќе се користат исклучиво за наплата на долговите – вели Анастасов.

Забележува дека ова е финансиска помош на општините, кои со години имале натрупани долгови, но и камати. Со намалувањето на долговите општините ќе можат да бидат поефикасни и да ги реализираат проектите, кои ги бараат граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2018 13:58