Со овации од публиката и голем интерес од страна на локалните медиуми, Здружението фолклорна група „Копачка” од село Драмче, Делчево успешно го заврши дводневниот настап на 18. Етно Глас фестивал во Панчево.

Како што информираше Перса Стојановска, секретар на ЗФГ „Копачка”, како единствен претставник на македонскиот фолклор во Србија, за својот симптоматичен настап групата ги собрала сите симпатии од присутните.

-Во првото појавување пред публиката централно место зазеде исполнувањето на националното и светско културно наследство – орото „Копачката“, кое е заштитено од УНЕСКО. На тамошната публика им го пренесовме во најдобро светло. Во второто појавување ги исполнивме пијанечките изворни ора: „Драмечко“- женско оро на тамбура; „Турско“ и „Малешевско“- машки ора на тапани; „Елено моме“ – мешано оро на тамбура и „Ситното“ – мешано оро на тапани – информира Стојановска.

Додава дека групата настапила и во рамки на втората фестивалска вечер на која од повеќето песни со кои настапила Стојановска го издвои претставувањето на обичајот „Попрелка“.

Настапот на фестивалот во Панчево е подготовка за големата прослава која групата „Копачката” ќе ја организира на 20-21 ноември по повод јубилејната 70 година од своето постоење.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2018 14:19