Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер положи венец на воениот меморијален Кенотаф во центарот на Лондон, по повод стогодишнината од примирјето со кое се стави крај на Првата светска војна.

Штајнмаер е првиот германски лидер кој учествува на британската церемонија во сеќавање на загинатите. Тој го положи венецот „од името на германскиот народ во историски чин на помирување“, соопшти британската Влада пред церемонијата.

Штајнмаер пристигна заедно со принцот Чарлс, кој го положи првиот венец во име на својата мајка, 92-годишната кралица Елизабета Втора, која ја следеше церемонијата од балкон во близина.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2018 14:36