Куманово прославува 74 години од ослободувањето и 499 години од постоењето.
Денеска, бројни делегации од Куманово, од Здружението на борците, градоначалникот Максим Димитриевски, Советот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претставници од дипломатскиот кор, од АРМ, МВР, од збратимени градови положија цвеќе на Спомен костурницата, оддавајќи им почит на загинатите учесници во НОБ кои своите живот ги положија за слободно Куманово, слободна Македонија.
Денеска се одржа и свечена седница во Центарот за култура „Трајко Прокопиев" на која беа доделени ноемврските награди, на метеорологот Борис Секирарски, академскиот сликар Страхил Петровски, актерот Горан Илиќ од Кумановскиот театар .Меѓу добитниците се и началникот на Одделението на уво, нос и грло од Кумановската болница, доктор Фадиљ Малиќи, доглгогодишниот спортски новинар Марјан Стошевски за придонес за афирмација на спортот и олимпиецот и боксерски тренер Реџеп Реџеповски за постигнатите резултати и презентирање на градот и државата на бројните натпревари. Ноемвриската награда во вид на диплома доби и кланицата БДА. На неколкумина кумановци им беа врачени и признанија за нивните успеси во различни дејности. На прославата присуствуваа претставници од Владата.
Градоначалникот Максим Димитриевски во говорот се осврна на богатата историја на Куманово, на плановите и активностите кои ќе следат, воедно беше и презентрани видео материјал за сработеното во изминатат година, реконструкција и изградба на улици, тротари, проекти за замена на водомери, проширување на гасификациската мрежа.
-Немаме намера да застанеме, заедно со нашите стопанственици, користејќи ги потенцијалите во градот, ќе продолжиме да го развиваме малото и средно стопанство и да го сочуваме она што досега е сработено, рече Димитриевски.
На денешната свечена седница градоначалникот за почесен граѓанин на Куманово го прогласи евроамабасадорот Самуел Жбогар, поради неговиот придонес и поддршка за повеќе инфраструктурни проекти и јакнење на демократските процеси во градот.
-Вие преку заедничкото работење, можете да го направите Куманово со сите негови етнички заедници и граѓани успешно и просперитетно, рече Жбогар, заблагодарувајќи се на градот за прогласувањето за почесен граѓанин. Тој се осврна на поддршката на ЕУ кон земјата и градот и на идните проекти, менаџирање со смет во Североисточниот регион, изградба на пат кон Ранковце.
Горд, е рече Жбогар, што го научил македонскиот јазик, но истакна дека ќе се помачи да го научи најфраерскиот дијалект и најави дека ќе ги проба сите специјалитети, освен мезлк.
Претходниве денови општина Куманово, по повод Денот на ослободување на градот, организираше прием на бројни делегации од збратимени градови од повеќе држави, Србија, Романија, Турција, Бугарија. Кумановци две вечери уживаа во настапите на локални бендови и пејачи, меѓу нив Хари Мата Хари и Звонко Богдан, се одржаа две изложби „Карпино" и повеќедецениската „Кумановски ликовни уметници" и бројни спортски манифестации, ноќна атлетска трка, турнири во мал фудбал, во пинг понг.