Шампионот на Англија, Манчестер Сити успеа да го освои големото градско дерби против Манчестер Јунајтед со 3:1 во натпревар од 12-тото коло на Премиер лигата.

Давид Силва го постигна првиот погодок за домаќините откако беше прецизен во 12-тата минута и така му даде предност на тимот. Агуеро ја зголеми предноста во 48-та минута, а десет минути потоа Марсијал намали од пенал. Во 86-тата минута, Гундоган стави крај на надежите дека „црвените ѓаволи“ ќе извлечат нешто од натпреварот.

На овој начин „граѓаните“ си го вратија првото место на табелата, откако Ливерпул ги надмина за неколку часа. Тимот е лидер со 32 поени.

Јунајтед пак зазема незавидна за клуб од сличен калибар 8-ма позиција со 20 поени.

Со овој успех „небесо-сините“ им вратија на „црвените ѓаволи“ за ланскиот пораз од 2:3 на „Етихад“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 02:18