Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари постави рекорд во Премиер Лигата за најдолгата серија во дебитантската сезона на менаџер без пораз во англиската елита.

Челзи и Евертон ремизираа 0:0 на Стемфорд Бриџ во 12-тото коло на Премиер Лигата. Така, во дебитантската сезона на Премиер Лигата, Сари не загуби во првите 12 натпревари.

Во оваа серија од 12 натпревари играше против Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Претходниот рекорд во Премиер Лигата го држеше Френк Кларк во сезоната 1994/95. Тој имаше серија од 11 натпревари во неговото деби во Премиер лигата без пораз. Нотингем потоа изгуби 9 од следните 18 натпревари. На крајот од сезоната, екипата направи нова серија од 13 натпревари без пораз и заврши на трето место.

Челзи во моментов е единствениот тим од првите пет лиги во Европа, без пораз во сите натпреварувања.

Во следниот круг Челзи гостува на Тотенхем на „Вембли“ во дербито од 13-то коло на Премиер лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 02:18