Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери, по поразот од Борусија Дортмунд во дербито на 11. Бундеслигашко коло, го удрил новинарот на „Бе ИН Спортс“, Патрик Гију, пренесува Билд.

Инцидентот го потврди и Баерн.

– Рибери не извести дека имал судир со својот сонародник кого го познава долги години. Се согласивме дека со него ќе разговараме за да видиме како да го решиме тоа прашање. Гију даде сигнали дека тоа е во негов интерес, изјави Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на актуелниот германскиот шампион.

Баерн по 11 рунди заостанува седум бода зад лидерот Борусија Дортмунд која има 27 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 09:33