Градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски информира дека по една година работење, успеал финансиски да ја стабилизира тамошната локална самоуправа.

Во јавниот отчет, Стојановски посочи дека мандатот го почнал со финансиска задолженост на општината повисока од 20 милиони денари, и со домаќинско работење, долгот кон разни добавувачи значително е намален.

-Со поддршка на Владата на Република Македонија и со одлуката за финансиска поддршка на општините за раздолжување на 51 отсто од пријавените неплатени обврски, општина Демир Хисар уште повеќе ќе се стабилизира и ќе го зајакне својот фискален капацитет, истакна Стојановски.

Општина Демир Хисар во наредниот период очекува зајакнување и интезивирање на врските со бизнис секторот, враќање на довербата на стопанствениците во локалната самоуправа и нов инвестициски циклус за економски развој на тамошната локална самоуправа.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 10:02