Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, беше задоволен од играта на тимот во дуелот со Милан (2:0) од италијанската Серија А. Според него, поразот од Манчестер Јунајтед (1: 2) во Лигата на шампионите делувал мотивирачки кај неговите избраници.
– Поразот од Манчестер Јунајтед одигра позитивна улога, бидејќи научивме лекција. Во натпреварот со Милан игравме повеќе концентрирано, обидувајќи се да не правиме грешки. Во второто полувреме малку падна темпото. Мислам дека вредеше да го држиме ривалот што подалеку и така да правиме притисок врз нив. Понекогаш дури и добрата игра не носи победа. Некогаш треба да играте поедноставно, изјави Алегри.
Јувентус по 12 кола е лидер со 34 бода, Наполи има 28, Интер 25, Лацио 22, Милан 21,…