Германската владина коалиција, предводена од Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, нема да ја преживее следната година, смета лидерот на подмладокот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Кевин Кинерт.

– Следната година е преполна со регионални избори и политички настани што ќе имаат големо влијание. Затоа тешко можам да замислам дека ќе останеме заедно до крајот на годината, изјави Кинерт, чија СПД е помал партнер во владината коалиција на Меркел.

Според Кинерт, СПД внимателно ќе следи што ќе се случува кога во декември Меркел ќе се повлече од позицијата лидер на ЦДУ.

– Мораме да го искористиме времето за да се подготвиме за денот Д. додаде Кинерт, наглаувајќи дека речиси не познава никого кој верува оти сегашната владина коалиција ќе го дочека крајот на својот мандат, кој истекува во 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 14:48