Секторот за односи со јавност во РЕК Битола информира дека е во тек санацијата на оштетен дел од металната конструкција на претоварниот уред на багер СРС 2000/2, ангажиран на ископ на јаловина на Втор БТО систем во Рудникот Брод Гнеотино.

Во соопштение до јавноста од РЕК Битола посочуваат дека се работи за незначителна материјална штета, а последиците од дефектот што се случи викендов во РЕК Битола, ќе бидат санирани во рок од една недела со ангажман исклучиво на вработените во ПЕ „Рудници“.

-Нон сенс се тврдењата дека дефектот ќе влијае на било кој начин врз цената на произведената електрична енергија на АД ЕЛЕМ, како и на потребата за дополнителен ангажман на надворешни фирми, се нагласува во соопштението од комбинатот, од каде дополнуваат дека во АД ЕЛЕМ се работи домаќински, а најголем доказ за домаќинското работење на АД ЕЛЕМ, вклучително и Подружницата РЕК Битола е фактот што Државните електрани на Македонија во текот на годинава седум пати продале вишоци електрична енергија на отворениот пазар и оствариле приход од скоро 20 милиони евра. Исто така, првпат по многу години, АД ЕЛЕМ побара од Регулаторната комисија за енергетика и намалување на цената на струјата, информираат од РЕК Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 15:37