Ѓорѓија Нестороски, претставник од ова здружение информира дека се работи за постоечкиот објект на „стара Кожара", кој е во руинирана состојба, но може да премине во удобно катче што ќе биде дом првично за околу 150 бездомни кучиња. Тој додава дека во процесот за доизградба на стационарот се потребни многу поголеми парични средства, а најголемата улога на овој објект ќе биде стационирање на многуте бездомни кучиња кои ги има во градот, чија бројка изнесува дури 180.

Општина Кичево, посочува Нестороски, веќе обезбеди стерилизација, кастрација и вакцинација, а планот на нашето здружение е оваа постапка да биде довршена исто така со помош на општината. Со тоа, нагласува, многу од постоечките болести кои се шират од бездомните кучиња ќе бидат решени.

– Најважното од целиот овој проект е што кучињата ќе бидат тргнати од улица, ќе бидат нахранети и згрижени во топли простории.Здружението и со повик до граѓаните покрај помошта за доизградба на стационарот, дека средства ќе бидат потребни и за континуирано снабдување со храна за згрижените кучиња, вакцинација, лекување, подобрување на условите за живот и зголемување на капацитетот за згрижени животни, вели Нестороски.

Исто така, донациите може да бидат и во вид на храна за кучиња, стари ќебиња, јоргани и перници кои се надвор од употреба.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 16:17