Со собири на граѓаните од урбаните заедници од Струмица вечерва започнуваат средбите со граѓаните на градоначалникот Коста Јаневски за креирање на буџетот на општината за идната година.

Вечерва со почеток во 19 часот во големата сала на домот на АРМ ќе се одржи Собир со граѓаните од I, III, IV и V урбана заедница, а еден час подоцна, односно, во 20 часот ќе се одржи Собир со граѓаните од II, VI, VII и VIII урбана заедница. Според утврдениот план, на 14 ноември ќе се одржат Собирите со граѓаните на Вељуса, Водоча и Баница со почеток во 18, 19 и 20 часот во просториите на училиштата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 17:16