Низа од светилки долга осум километри и ѕвезда од 450 килограми за врвот ќе ја красат новогодишната елка пред центарот „Рокфелер“ во Њујорк, која е висока 22 метри.

Како што јави „Гласот на Америка“, сето тоа е подарок од една неименувана истополова двојка, а елката ќе биде поставена таму до 7 јануари.

Историјата на поставување елки на оваа локација датира од 1931 година, кога во времеото на Голема депресија, работниците кои го граделе трговскиот центар „Рокфелер“ собрале пари и купиле елка од шест метри. Тоа по две години се претворило во традиција која се негува секоја година до денес.

По празниците, елката ќе биде донирана во хуманитарни цели.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 17:54