Американскиот претседател Доналд Трамп се врати синоќа во Вашингтон после 44 часовна посета на Париз каде неговиот домаќин Емануал Макрон викендов ги заокружи чествувањата по повод 100 годишнината од крајот на Првата светска војна, на кои беа поканети шефовите на држави и влади од Г-20, група од 19 земји плус ЕУ.

Денот на капитулацијата на Германија во Првата светска војна е национален празник во многу сојузнички држави. Во Франција, 11 ноември се слави како Ден на примирјето и се одбележува со разни свечености и парада до Трумфалната капија. По овој повод во Германја пак, редовно се одбележува национален Ден на жалост.

Денот на примирјето во Првата светска војна во САД се слави како Ден на воените ветерани со тоа што не работат банките, поштите, школите и други државни установи, но бидејќи 11 ноември годинава се паѓа во недела, во САД неработен ден е 12 ноември.

Според програмата, кога Трамп пристигна во петокот во Париз, тој требаше да ги посети американските воени гробишта во шума во малото место Беље, каде американската војска ја одржа својата прва победоносна битка, со тоа што го запреле напредувањето на Германците кон Париз. Но поради невремето и силниот дожд во петокот, хеликоптерот на претседателот не полета од безбедносни причини, а Трамп најверојатно не сакаше да патува еден и пол час со автомобил, па затоа тој ја откажа посетата и на негово место го прати Џон Кели, шефот на персоналот на Белата куќа, кој беше дел од американската делегација.

Во саботата Трамп имаше средба со неговиот француски колега Емануел Макрон на кои тие разговараа за создавање на европска армија, која ќе биде способна да ја заштити Европа од Русија и Кина.

– Оваа армија ќе има сила да ја заштите Европа и од САД, изјавил Макрон на средбата во полушеговит манир, објавија дел од западните медиуми.

Понатаму, двајцата лидери разговараа и за зголемување на трошоците во одбраната и износите што членките на НАТО ги внесуваат во буџетот на воената алијанса, како и за унилатералното повлекување на САД од Договорот за ликвидација на ракетите со мал и среден дострел.

Трамп и повеќе европските лидери во саботата вечерта ја посетија изложбата на Пикасо и во музејот Орси прусуствуваа на гала вечера, каде американскиот претседател и други лидери биле седнати покрај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Според извештаите на некои медиуми, иако бил поканет, рускиот претседател Владимир Путин не се појави на овие настани. Од сите европски лидери, Путин во Париз пристигна последен, во неделата наутро.

Израелските медиуми шпекулираат дека ненедејната „социофобија“ на рускиот претседател бил поврзана со неговото немање волја да се сретне дури и на кратко со Бенјамин Нетанјаху. Кремљ со Нетанјаху ги прекрати односите после воздушниот инцидент со Ил-20. На официјални настани каде се почитува протоколот, такви средби може лесно да се избегнат, но на вечерните приеми кога лидерите се оставени сами на себе, тоа би било потешко. Путин најверојатно не сакал да се сретне и со Тереза Меј, Петар Порошенко, но и со Александар Ван дер Белен, после новиот шпионски скандал во Австрија.

Протоколот во Елисејската палата направи се за да се избегне секаква средба помеѓу Трамп и Путин. Западните гласила јавувија дека домаќинот во последен момент го сменил разместувањето на гостите за време на работниот појадок со Макрон. Наместо да седат еден покрај друг, како што било планирано, помеѓу Макрон и Трамп од една страна и Путин од друга, била маса наредена со чинии, високи чаши и цветни букети, а рускиот претседател бил разместен до Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН. Како резултат на ова вниманието на присутните на појадокот било свртено кон Макрон и Трамп.

„Си-ен-ен“ јави дека Путин и Трамп се поздравиле само за време на групната фотографија.

Во Русија, крајот на Првата светска војна нема големо значење, додека европските лидери цела недела ја чествуваа сто годишнината од примирјето. За нив Големата војна (1914-1918) донесе тектонски поместувања во историјата на 20 век – колапс на четири империи (Руската, Австро-Унгарската, Германската и Османлиската), Октомвриската револуција, појавата на Хитлер, Втората светска војна и последиците од неа односно новиот поредок во Европа и во светот.

Турнејата на Макрон, која од Елисејската палата официјално беше наречена „лутање по брановите на меморијата“, започна на 4 ноември и за седум денови тој успеа да посети 17 градови во 11 департаменти на Франција. Кон крајот на неделата во одбележувањето започнаа да се присоединуваат сојузниците од Антантата, а во саботата во шумата покрај селото Ретонд, каде пред 100 години било потишано примирјето, францускиот претседател се сретна о канцеларот на Германија, Ангела Меркел.

Макрон цврсто ја прегрна Меркел и беше очигледно дека тоа ги симболизира денешните идеални односи помеѓу Франција и Геранија, и дека тие се колнат дека во иднина нивните земји никогаш нема да станат причина за непријателства и омраза во Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 18:42