Раководството на Монако застана во одбрана на тренерот на клубот, Тиери Анри. Тоа се случи неколку часа по поразот со 0:4 дома од шампионот Пари Сен Жермен.

Монако нема победа во последните шест лигашки натпревари во Лига 1. Тимот е на незавидната 19-та позиција на табелата со само седум поени.

– Ари дојде за долго време. Ние никогаш сме немале толку многу повредени фудбалери. Ни недостасува доверба и среќа, рече заменик-претседателот Вадим Василиев за француски „Канал плус“.

Монако е елиминиран и од групната фаза во Лигата на шампионите, откако од можни 12 поени по четири круга има освоено само еден.

Во текот на последните неколку години, тимот од Кнежевството го напуштија имиња како Тома Лемар, Бернардо Силва, Бенжамен Менди и Килијан Мбапе.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 18:47