Иран продолжи да ги почитува главните ограничувања од Мултилатералниот договор од 2015 година, се наведува во три месечниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Во извештајот се посочува дека на 4 ноември е извршена проверка на резервите на збогатен ураниум, еден ден пред стапувањето во сила на последните американски санкции кон Иран.

Инспекција на иранските резерви на тешка вода, уште еден материјал со ограничување врз основа на Договорот, извршена е на 3 ноември.

Неименуван дипломат денеска изјави дека нема индиции дека иранската соработка со МААЕ е променета откако стапија во сила санкциите од САД.

– Нема ништо што укажува дека иранската соработка или иранскиот став е сменет од 5 ноември, истакна дипломатот.

САД се повлекоа од Меѓународниот договор со Иран во мај годинава.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 19:08