Здружението „Калифорниски професионални пожарникари“ денеска реагираше на пишувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер, кој вели дека за „големите, смртоносни и со огромна штета пожари“ виновно е лошото управување со шумите и притоа се закани дека ќе се стопираат средствата доколку тоа не се подобри.

– Објавата на претседателот, која содржи напад против Калифорнија и закана за прекин на помошта за жртвите од катастрофални пожари, го нарушува достоинството на настраданите, се наведува во реакцијата на Здружението.

Тие сметаат дека тврдењето на претседателот Трамп е погрешно.

– Шумските пожари се предизвикуваат и се шираш не само во шумите, туку и во населените места, но и на отворени места, поттикнати од сува вегетација, силни ветришта, ниска влажност и географска специфичност, соопшти здружението „Калифорниски професионални пожарникари“.

Според нив, речиси 60 отсто од шумите во Калифорнија се во надлежност на федералните власти, а останатите се во приватна сопственост.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 19:16