Сообраќајниот инспектор во Општина Штип, Оливера Блажевска на денешната прес-конференција најави дека општината покрај преземените сообраќајни мерки за поголема заштита на учениците пред училиштата, предвидува и поставување „лежечки полицајци” пред училиштата, каде што возачите не се придржуваат на правилата, со цел да им го забави движењето на улиците.
-Додека за критичниот потег кај средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин” имаме трајно решение, нема да се постави „лежечки полицаец”, туку ќе се изврши целосна реконструкција на крстосницата, кај поранешна Алумина и ќе се гради кружен тек, којшто ќе ја намали брзината на движење на возилата. крушниот тек ќе биде поставен малку подоле, кон средното училиште и пешачкиот премин веднаш пред влезот на училиштето. Што значи возилата нема да имаат техничка можност за развивање поголема брзина, вели Блажевска. Таа забележа дека со изградбата на овој кружен тек пешаците ќе бидат заштитени од несовесните возачи по булевраот „Гоце Делчев”, којшто е влез и излез на градот. Инаку, поминати се сите фази за изградба на кружниот тек, а преку тендерска постапка избрана е и фирма, којашто во текот на наредните денови ќе почне и да го гради. Круќниот тек ќе биде дел и од новата обиколница, која ќе ги поврзува големите штипски населби преку новиот мост на реката Брегалница до булеварот „Гоце Делчев”.
По блокирањето на пешачкиот премин, учениците кои протестираа почнаа да се движат низ улиците во Штип извикувајќи „возете внимателно”.