Аргентинскиот тренер Сантијаго Солари официјално го презеде Реал Мадрид, објави клубот.

Во последните 15 дена тој ја извршуваше должноста привремен тренер, но денеска Реал требаше да објави име кое трајно ќе го замени Жулен Лопетеги, кој беше отпуштен пред две недели.

Солари постигна четири победи во четири натпревари на чело на Реал Мадрид, а во првите три натпревари тимот не прими гол.

Под раководство на поранешниот играч на тимот, „Кралевите“ ги надигра Мелиља во Купот (4:0), Викторија Плзен во Лигата на шампионите (5:0) и Ваљадолид (2:0) и Селта (4:2) во Ла Лига.

Според прелиминарните очекувања, Солари ќе биде на чело на Реал до Нова година, но при продолжување на серијата добри резултати Аргентинецот ќе остане на својата позиција најмалку до крајот на оваа сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 19:38