Авион на компанијата „Трансавија“ денеска принудно слета на аеродромот во Фару, јужна Португалија.

– Боинг 737 со 149 патници беше принуден да отстапи од својата маршрута поради проблеми со притисокот во авионот и принудно слета во Фару, стои во соопштение на португалската воена авијација.

Авионот полетал утрово од аеродромот во Фуншал на португалскиот остров Мадеира, кон Амстердам.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 19:47