Реал Мадрид освои три бода синоќа на гостувањето во Виго кај Селта.

Но во „кралскиот клуб" немаат многу причини за задоволство поради повредите на тројца играчи кои предвреме го завршија мечот.

Веќе во 18 минута беше заменет Каземиро кој го повреди зглобот по дуелот со Макси Гомез.

Пред крајот на првото полувреме се повреди и Серхио Реџилон, додека во 69.минута Начо го напушти теренот поради проблеми со коленото.

Играчите ќе бидат подложени на темелно испитување за да се утврди сериозноста на повредите, соопштија од Реал.

Натпреварот заврши 4:2 по што Реал ја намали негативата зад лидерот Барселона на само четири бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 00:46