Фудбалската федерација на Македонија објави дека од денеска во продажба се пуштени билетите за последниот натпревар од фазата по групи во Лигата на нации против Гибралтар што ќе се одигра на арената Филип Втори на 19 ноември.
Билетите ќе може да се купат по цена од 100 и 150 денари и тоа продажното место на ФФМ во Скопје Сити Мол, продажната мрежа на МК Тикетс.
Дуелот против Гибралтар ќе биде решавачки за освојување на првото место во групата што ќе значи пласман во повисок ранг на натпреварување како и чекор поблиску до пласман на Европското првенство што ќе се одржи во 2020 година, а стартот е закажан за 20 часот и 45 минути.