Репрезентацијата на Франција треба да одигра два натпревара. Во петок, „петлите“ гостуваат на Холандија во Лигата на нациите, а потоа го пречекуваат Уругвај во контролна следниот вторник.

Дидие Дешамп ја објави групата од 23 играчи за претстојните натпревари, но таа брзо беше променета, откако четворица од повиканите се здобија со повреди. Пол Погба и Антони Марсијал отпаднаа уште во почетокот од плановите на Дешамп, а на нивно место беа повикани Александар Лаказет и Муса Сисоко.

На крајот се покажа дека и ѕвездата на Арсенал исто така има повреда и беше вратен да се лекува во Лондон.

Тоа, сепак, не беше крај на маките за светските шампиони, откако беше потврдено дека и дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенжамен Менди има проблеми со коленото и исто така нема да игра во двата натпревара следната недела



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 00:47