Бел тартуф од 850 грама е продаден во Алба, во близина на Торино, за 85.000 евра, односно сто евра по грам.
Тартуфот е продаден на купувач од Хонг Конг, чиј идентитет не е откриен.
Алба секоја година, веќе 88 години, е домаќин на големиот саем на бел тартуф, на кој на аукција се продаваат тие ретки, миризливи печурки.
Белиот тартуф од Алба се ископува од 21 септември до 31 јануари.
– Тартуфот има карактеристичен силен мирис, кој потсетува на романтични средби, на шума, природа, што е особено предизвикувачко, изјави претседателот на италијанскиот Центар за истражување тартуфи Антонио Деџакоми.
Тој додаде дека оваа година бербата била исклучителна и по квантитет и по квалитет.
Според него, сезоната била добра бидејќи имаше малку дожд во јули, но доволно за тој вид печурки кои растат длабоко под површината на земјата, со корени како на некое дрво.