Литванката Одета Аутукаите (26) победи на годинашниот натпревар „Најдолга коса на светот“, што се одржа во Литванија, притоа победувајќи 184 ривалки.

Нејзината коса е долга 156 сантиметри, подолга е од голф палка и може да се замота околу тркалата на автомобил.

– Воопшто не ја очекував победата, бидејќи подолго време не сум ја мерела косата, изјави победничката.

На натпреварот, во вториот по големина литвански град, се собраа жени од сите возрасти, а најстарата натпреварувачка имаше 80 години.

Сепак, Одета е далеку од досегашниот апсолутен рекорд на ова натпреварување, поставен во 2013 година, кога победничката имаше коса со должина од 245 сантиметри.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 01:24