Новиот министер за одбрана на Белгија Сандер Лонес (39 ) положи заклетва пред кралот Филип.
Лонес досега беше европратеник од групата на Европските конзервативци и реформатори, и е заменик- претседател на белгиската партија Нова фламандска алијанса (НФА). Тој го презема Министерството од неговиот сопартиец Стивен Вандепут, избран на местните избори во октомври за градоначалник на градот Хаселт.
Новоизбраниот министер завршил право и специјализирал за миграции. Тој беше еден од главните преговарачи за состав на актуелната федерална влада. Лонес е најмладиот министер во тимот на премиерот Чарлс Мишел.