Македонската фудбалска репрезентација на 16 ноември му гостува на Лихтенштајн во претпоследниот натпревар од Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ во швајцарското место Фусисберг ќе одработат три тренинзи пред заминувањето во Вадуц в четврток. Сигурна игра и потврда на првата позиција на табелата, очекува Бобан Николов.

– Очекуваме да го потврдиме првото место во групата, со наша добра игра и освојување на три бода од Вадуц. Мислам дека сме во добра форма и очекувам подобро издание на Македонија во однос на претходниот месец. Со две победи ние сме први во групата и во тоа треба да веруваме. Секако, овој дуел ќе биде сосема различен од меѓусебната пресметка во Скопје. Мора да ја преземеме иницијативата и поседот на топка, но исто така да бидеме внимателни, изјави Николов за веб-страницата на ФФМ.

Денеска попладне тимот на селекторот Игор Ангеловски ќе биде комплетен со доаѓањето на капитенот Горан Пандев.

Македонија три дена по дуелот со Лихтенштајн, во последното коло во Скопје (на 19 ноември) го пречекува Гибралтар.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 11:51