Американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја смени секретарката за државна безбедност, Кирстјен Нилсен поради незадоволство од нејзината работа во спроведување на имиграцискиот план.

Според неименувани извори од Белата куќа заминувањето на Нилсен најверојатно ќе се случи во следните неколку недели.

Трамп неделава го одложи планираниот пат со Нилсен. Тие требаа да ги посетат американските војници распореден на границата во јужен Тексас. Трамп на своите помошници им кажал дека сака Нилсен што побрзо да ја напушти функцијата.

Американскиот претседател со месеци покажува дека е незадоволен од работата на Нилсен во спроведување на миграцискиот план и верува деа ќе најде замена која подобро ќе ги примени политичките идеи.

Претставнци на државната безбедност одбија да го потврдат потенцијалното заминување на Нилсен.

Актуелната секретарка на државна безбедност посветена е на спроведување на претседателската програма за безбедност која е насочена на заштита на Американците од сите закани и ќе продолжи да го прави тоа, истакна портпаролот Тилер К. Холтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 13:20