Премиерот на Либија Фајез ел Сараџ, чија Влада е сместена во западниот дел на земјата, денеска во Палермо на Сицилија, се сретна со командантот Калифа Хафтар, кој го контролира поголемиот источен дел на државата, изјави неименуван извор од италијанската влада.

Италија е домаќин на меѓународната конференција за иднината на Либија.

Хафтар претходно најави дека нема да учествува на конференцијата, но допатува во Палермо и ќе присуствува на средбите на маргините на конференцијата.

Неговата средба со Сараџ е прва по мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 14:03