Лидерите на Асоцијацијата на нации на југоисточна Азија (АСЕАН) го почнаа годишниот самит со повик да работат заедно на решавање на тензиите околу трговијата и други политички прашања.

Премиерот на Сингапур, Ли Хсиен ги поздрави претставниците на државите членки, истакнувајќи дека „сега, повеќе од кога и да е, е важно да се направат заеднички напори“.

Тој рече дека меѓународниот систем е на пресвртница и не е јасно дали ќе преовладат правилата на глобалниот систем што го поддржуваат мирот во регионот и дали ќе преживее растечкото богатство.

Ли рече дека АСЕАН и неколку големи држави, вклучувајќи ги Индија и Кина, направиле „суштински напредок“ за иницијатива за отворање пазар наречен Регионално сеопфатно економско партнерство.

Засега не се знае дали за оваа иницијатива ќе се постигне договор во Сингапур.

Во АСЕАН членуваат Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 15:50