Бројот на државјани на земјите членки на Европската унија кои работат во Велика Британија, од минатата година заклучно со септември, е намален за 132.000 на 2,25 милиони, што претставува најголем пад на бројот на работна сила на годишно ниво, соопшти британскиата Национална агенција за статистика.

– Драстичното намалување на бројот на мигрантски работници од ЕУ минатата година, покажува дека британскиот пазар за работна сила веќе почнува да се менува и пред Брегзит, изјави Стефан Кларк, економски аналитичар во фондацијата „Резолушн“.

Државјаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија се во неизвесност за своите работни места по одлуката за Брегзит.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 16:01