Францускиот бренд „Мореал Париз“ неодамна го претстави најскапиот парфем на светот – „Ле Монд сур Мажур“, префинет мирис во шише полуксузно од кое било претходно. Цената на еден парфем е 1,5 милиони долари.

Бројката е седумцифрена токму поради дизајнот на шишето, изработено од два килограма 18-каратно злато и од дијаманти.

Исполнет со заносна арома на париска роза и хималајски нероли, „Ле Монд“ е навистина посебен. Ќе биде достапен во пакувања од пет, седум и 10 литри, но и во шишиња од 300 милилитри, кои ќе бидат поевтини.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 16:53