Левиот бек на Барселона, Жорди Алба, изрази задоволство од неговото враќање во репрезентацијата на Шпанија.

Каталонскиот дефанзивец беше одминат од новиот тренер Луис Енрике во првите неколку натпревари за „Фуријата“.

– Да, се прегрнав со Луис Енрике, и со сите тренери. Тој е тренер кој ми помогна многу. За мене, тој е многу добар човек, кој сам ги носи своите одлуки. Многу ми помогна и му благодарам, изјави Алба на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека не морал да му се извини на селекторот, ниту тој очекувал слично нешто од него.

– Не морам да се извинувам на Луис Енрике, или тој на мене. Тој избира кои играчи да ги повика и кој да игра. Енрике има опции и може да избере од многу играчи. Ја прифатив неговата одлуката и се одморив со моето семејство, рече Алба во однос на тоа дали мислел дека за него завршил настапот во репрезентативниот дрес.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 17:21