Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке призна за финансиската супериорност на Баерн Минхен, но ја исклучи можноста нов фудбалер на тимот од „Сигнал Идуна Парк“ да заигра во блиска иднина на „Алијанц Арена“.

Во саботата „жолто-црните“двапати надоместуваа негатива против шампионите на својот стадион, за да го добијат дербито на Бундеслигата со 3:2.

– Баерн се уште е многу посилен од нас во економска смисла, но и ние имаме повод за гордост. Целосно ја исклучувам можноста следната година некој од нашите момчиња да го носи дресот на Баерн. Ние веќе се погриживме за тоа, бидејќи во договорите на играчите нема клаузули за откупување. Во случаите со Марио Геце и Роберт Левандовски ние не можевме да сториме ништо, изјави шефот на Борусија.

Како што е познато, во 2013 година Баерн ја плати запишаната во договорот клаузула за откупување на Геце, а една сезона подоцна го привлече Полјакот како слободен играч.

Во летото 2016 година, пак, капитенот на Борусија Дортмунд во тоа време Матс Хумелс премина во Минхен по сопствена желба, иако имаше актуелен договор за уште една година со тимот од Дортмунд.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 17:49