Италијанскиот клуб Киево официјално објави дека се разделил со Џан Пјеро Вентура, кој ги предводеше „летачките магариња“ во само четири натпревари.
Седумдесетгодишниот стратег поднесе оставка по ремито со Болоња (2: 2), но раководството на тимот од Верона се обиде да го убеди да остане на тренер на клубот.
Легендата на Киево, Серџо Пелисиер, јавно го критикуваше поранешниот селектор на Италија, по што денеска било одлучено клубот да се раздели со тренерот по заеднички договор.
Доменико Де Карло се очекува да го преземе местото на Вентура.
Киево е на 20. место во Серија „А“ и е единствениот тим без победа од почетокот на сезоната во Италија.