Агентот на Месут Озил, Еркут Согут, откри дека неговиот клиент го одбил предлогот за неделна плата од неверојатни еден милион фунти.
Предлогот дошол непосредно пред да го потпише неговиот нов договор со Арсенал и бил од азиски клуб.
Во моментов, плејмејкерот на „Емирати“ заработува 350.000 фунти неделно.
– Имавме навистина големи понуди од Азија, навистина луди понуди. Меѓутоа за Месут, парите никогаш не биле најголем фактор. Се разбира, парите се една од работите што треба да се разгледаат. Но, луѓето треба да знаат дека фудбалските квалитети се еден од аспектите на преговорите. Месут е фудбалер од Премиер Лигата со најмногу следбеници.
Продажбата на неговите дресови е најголема во историјата на Арсенал. На крајот, ова е информација што треба да се земе предвид. Комерцијалната страна на ова прашање е доста сериозна кога станува збор за играч како Месут, рече агентот на халфот.