Попладнево почувствуван е земјотрес во поширокиот дебарски регион,кој предизвика вонземиреност кај жителите, посебно кај оние кои живеат на повиските катови на стамбени згради. Потресот беше почувствуван во 14:47 часот.

Според албанските медиуми епицентарот е на 21 километар од северниот албански град Скадар, во околината на црногорскиот град Улцин и е со јачина од 5,1 степен според Рихтер.

Потресот силно е почувствуван во северните дел на Албанија,а со помал интензитет и во Тирана, Лежа и Пешкопеја.

Земјотрес со помал интензитет во текот на изминатата ноќ ги вознемирил жителите од подрачјето на Голема Малесија,исто така во северниот дел на Албанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 18:20