Завршуваат градежните активности околу реконструкцијата на уличното осветлување на Градскиот плоштад во Пробиштип. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, вели дека деновиве се очекува фирмата што го доби тендерот да ги постави и светилки на канделабрите.
-Вкупната вредност на проектот со ДДВ беше проценета на 2.200.000 денари, по што на негативната аукција избрана е фирмата ТМЕ, која проектот го реализира за 1.700.000 денари, вели Анастасов.
И покрај тоа што Градскиот плоштад беше реконструиран, сепак, тој не беше осветлен. Со реализацијата на проектот конечно централното градско подрачје ќе биде осветлено. Инаку реконструкција на уличното осветлување во Пробиштип ќе има и на уште две улици, на улиците „Тодор Александров“ и „Кочо Рацин“