Градежната механизација се уште е присутна низ улиците на Нов Дојран, каде се асфалтираат локалните улички.

Од општината велат дека овие активности се одвиваат во рамки на годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на општинската патна мрежа и дека подобрувањето на патната инфратруктура секогаш ќе остане врвен приоритет во работењето на општина Дојран.

-Во моментот финализираат работите околу асфалтирање на улицата „Едвард Кардељ“, во должина околу два километра, во која општината вложи сопствени средства од пет милиони денари и 16 милиони денари грант од ЕУ. Работите на оваа улица се одолжија неколку месеци, но веќе се при крај и таа е комплетно средена – рече градоначалникот Анго Ангов.

Покрај ова, почнаа и градежните работи на улицата „Ѓорги Абаџиев“, а во изминатиот период со општински пари во износ од над четири милиони денари беа асфалтирани неколку улици со вкупна должина од два километраи во селата Николич, Фурка и Црничани.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 00:22